Просечната плата во Србија ќе биде 1.800 евра – Вучиќ го претстави планот до 2027 година

Српскиот претседател Александар Вучиќ го презентира планот „Србија 2027 – скок во иднината“. Вучиќ при своето обраќање најави дека планот е просечната плата да биде 1.800 евра.

На крајот на оваа година просечната плата ќе биде 958 евра, во 2025 година просечната плата првпат ќе надмине 1.000 евра, а во 2027 година се очекува да биде 1.400 евра. Пензијата до 2027 година ќе биде 650 евра.

Во декември годинава очекуваме да биде 958 евра, во моментов според наша проценка платата е 836 евра на ниво на цела држава. Значи очекуваме во декември да биде 958 евра, а во 2025 година просечната плата во Република Србија првпат ќе надмине 1.000 евра.Сметам дека сам по себе голем успех – 1.056 евра ќе бидат на ниво на Република Србија, а не на ниво на Белград или Нови Сад. “, изјави Вучиќ.

Advertisements

Тој додаде дека целта е до декември 2027 година да се достигне просечната плата од 1.800 евра и повеќе.

„Во декември 2027 година може да биде значително повеќе од 1.800 евра, за само четири години. Значи, вклучувајќи ги и оние неизградени делови, што значи дека во Белград и Нови Сад или Бор, платата би одела значително над 1.800, поблиску до 2.000 евра. “, објасни Вучиќ.

Тој додаде дека има неколку важни услови тоа да се случи.

„Планираната стапка на раст за оваа година е 3,5 проценти, ќе се погрижиме се што правиме да ја поправиме стапката на раст, бидејќи ако немаме стапка на раст, ако не ни расте БДП, нема да може да направи се“, рече Вучиќ.

Претседателот на Србија ги повика приватниците да и помогнат на земјата.

„Не можеме ништо без приватни лица. Помогнете ѝ на вашата земја и ќе гледаме да ви помогнеме на секој можен начин“, посочи тој.

Вучиќ изјави дека условите за живот во Србија ќе бидат неспоредливо подобри од пред неколку години.

Вучиќ истакна дека просечната пензија е 391 евро, а од 10 февруари пензиите ќе бидат зголемени за 14,8 отсто.