Струјата за граѓаните ќе биде субвенционирана до 1 јули, изјави министерот за економија Крешник Бектеши, најавувајќи промена во моделот на субвенционирање.
Субвенциите кои Владата ги дава на ЕСМ, ја прават струјата за граѓаните многу поевтина од онаа на берзите.
Бектеши вели дека поскапување на струјата ниту во втората половина од годинава нема да има, а субвенционирањето ќе продолжи, но висината ќе зависи од месецот и потрошувачката.
„Целта на воведување на дневната евтина тарифа, беше од моментот кога имаше инвестициски бум во делот на фотонапонските централи. Во моментот кога зборуваме имаме инсталирани капацитети кои веќе произведуваат електрична енергија, а генерално во текот на денот се произведува повеќе од 680 мегавати. Тоа значи дека од април до октомври ќе имаме вишоци во одредени часови на денот што дава можност преку конкурентност да се намали цената на производство на фотонапонски централи.
Како Влада секако дека субвенциите ги даваме индиректно преку работењето на ЕСМ со утврдување на цената на ЕСМ која ја нуди за универзалниот снабдувач и така ќе продолжиме до средина на оваа година кога треба да се донесе и новата одлука за цената на ЕСМ која ќе ја дава до универзалниот снабдувач што е и снабдувач за сите домаќинства и мали потрошувачи. Ова значи дека до 1 јули ќе има субвенција од страна на Владата директно преку ЕСМ со утврдување на нивната цена со која се продава електричната енергија, рече Бектеши.