Силјановска-Давкова: Крајно време е знаењето да го ставиме пред партиската припадност

Гордана Силјановска-Давкова, која на минатите претседателски избори беше кандидат на ВМРО-ДПМНЕ, вели дека се уште размислува дали да се кандидира на претседателските избори.

Во емисијата „Само интервју“ на Канал 5 телевизија, Силјановска-Давкова вечерва изјави дека разговарала на оваа тема со лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, но дека се уште нема донесено конечна одлука.

– Се уште не знам, размислувам низ призма на мојот живот. Се уште нема конечна одлука, вели Силјановска-Давкова.

Advertisements

Таа вели дека секој може да се кандидира за претседателски кандидат на ВМРО-ДПМНЕ и дека ќе треба да се претстави со своја програма на конвенцијата, но дека последната одлука ќе ја донесат делегатите.

Според неа, има многу причини годинава резултатот на претседателските избори да биде поинаков од оној на минатите претседателски избори.

Во однос на најавите на албанскиот опозициски блок дека ќе настапат со свој претседателски кандидат и дали наскоро може да се очекува претседател Албанец, Силјановска-Давкова вели дека нема проблем со етничката припадност на кандидатите за претседател. Најважно за неа е знаењето и елоквентноста на кандидатот.

– Мене воопшто не ми е проблем да има кандидат за претседател на државата Албанец, но најважно е кој е кандидатот. Крајно време е знаењето да го ставиме пред партиската припадност, вели Силјановска-Давкова.