Двојно убиство вечерва ја потресе Србија. Маж на возраст од 48 години е уапсен во местото Раковац кај Беочин, поради сомнение дека со нож ја убил поранешната сопруга Д.Р. (47) и нејзината мајка Н.Ч. (75).
Како што пишува српскиот портал Нова.рс, осомничениот издржувал условна казна од 10 месеци за семејно насилство.
Според неофицијални информации, осомничениот откако ги убил поранешната сопруга и нејзината мајка повикал полиција и пријавил двојно убиство.
Српските медиуми јавуваат дека тој бил пронајден покрај телата на несреќните жени, а кај него имало нож со кој го извршил убиството.
View this post on Instagram