32-годишен маж од Македонија е убиен во германскиот град Есен, а како што пренесуваат локалните медиуми, младиот Македонец бил претепан до смрт.
Според германските медиуми, жртвата, во саботата, околу 2 часот по полноќ, во центарот на Есен се скарала со двајца млади момчиња од Еритреја на возраст од 25 и 29 години.
По кратка вербална расправија, следувала брутална тепачка, каде што двајцата млади со раце и нозе, како и со пивско шише, го удирале Македонецот додека не се освестил.
Очевидец налетал и се обидел да му укаже прва помош на младиот човек, но тој не можел да се освести.
„Младиот човек беше пренесен во болница, каде што набргу им подлегна на повредите“, соопшти полицијата.
Благодарение на описот на очевидците, полицијата успеала да ги лоцира осомничените и да ги уапси. Едниот бил фатен на железничката станица во Есен, а другиот во Милхајм.
Обдукцијата покажала дека Македонецот починал од повреди добиени од тап предмет, најверојатно пивско шише.
Случајот го испитува Јавното обвинителство во Есен, но засега е нејасно која е причината за расправијата меѓу тројцата мажи