На 74 години го освои Килиманџаро – уште еден подвиг на планинарката Мира Симоновски

Планинарката Мира Симоновски од Делчево на 74 години го искачи врвот Ухуру кој се наоѓа на Килиманџаро, највисокиот планински масив во Африка.

Таа е дел од експедицијата на Клубот за планински спортови АЗОТ кој ја објави оваа убава вест на Фејсбук.

„Нашиот член 74 годишната Mira Simonovski се искачи на Ухуру 5.895 м, покривот на Африка. Честитки од цел клуб .. Браво“, се вели во објавата.

Advertisements

Во 2020 година на 70 години Симоновски стана највозрасна жена македонски искачувач на Арарат. Таа пред 4 години за време на нејзиното прво искачување на врвот Арарат, рече дека покрај желба за да се искачи таков висок врв, потребна е и добра физичка подготвеност.

„За да се поместат границите треба да го сакаш да го направиш тоа што си го намислил. Се разбира претходно треба да имаш добра кондиција за движење по секакви временски неприлики“, изјави планинарката Симоновски.