Во битката за претседател влегува уште еден кандидат

Гоце Ристов вчера до ДИК ја доставил својата иницијатива за собирање потписи. Тој е 14 кандидат кој ќе се обиде да стигне до бројката од 10.000.

„До Државната Изборна комисија е доставена Иницијатива за собирање на потписи за кандидатура за Претседател на Република Македонија, од страна на Гоце Ристов. Потписите ќе се собираат во подрачните одделенија/канцеларии на Државната изборна комисија на цела територија на државата“, објави ДИК.

Заклучно со вчерашниот ден Ристов нема собрано ниту еден потпис.

Advertisements

Во претседателската трка веќе влегоа 7 кандидати.

Прв до 10.000 стигна Бујар Османи по што следеше Таравари, Димитриевски, Ванковска, Јакимовски, Силјановска и Пендаровски.