Почина професионалниот бодибилдер и фитнес тренер, Мирко Петровски. Тажната вест за неговата смрт ја сподели музичарот Владимир Блажев – Панчо.
„Сè ште сакам да мислам дека е само еден лош сон. Мирко мој, не требаше вака да нè оставиш. Знам дека имаше уште многу зацртани планови и многу работи недокажани.
Денеска изгубив(ме) голем другар, голем спортист и татко. Тренеру мој, сега си секако на поубаво место, каде конечно ќе го најдеш твојот душевен мир.Ќе се сеќавам на тебе како на добар човек и лојален другар.Мирче мој, вечна ти слава“, напиша Панчо.
Мирко Петровски, во овој спорт се појавува уште од својата најрана возраст, тој беше шампион на Македонија во јуниори, во категорија кај сениорите и како апослутен победник. На Балканско ниво се има закитено со бронзен медал во силна конкуренција.
Во 2003 година се здобива со статус IFBB PRO и се појавува на неколку професионални натпревари во Европа, Англија и Америка.
Последен негов настап е на Diamond Cup Skopje 2019 година каде го освои 4-тото место во категорија професионалци ветерани.
Во 2013 година, Мирко Петровски е одликуван со државната награда „8-ми Септември“.