Почина легендарната Атина Апостолова, зад себе остави незаборавни македонски песни

Почина доајенот на македонската фолк музика Атина Апостолова

Taжната вест за нејзината смрт ја објави пејачката и нејзина долгогодишна пријателка Вики Среброва.

Атина Апостолова е родена на 20 мај 1946 година во Скопје, дипломира на Економскиот факултет во Скопје. Таа е македонска пејачка на народна музика. Позната е по песните Запејте мераклииЦела вечер ќе ти пејамВерувај миУсни румениТе видов, и се заљубивИле Илија и многу други.

Advertisements

Таа имала турнеји во Австралија, Канада и Америка. Во Австралија има настапувано со Круме Спасовски, Никола Бадев и Александар Сариевски. Има одлична соработка со: Ванчо Тарабунов, Ефто Пупиновски и Милан Завков.

Во својата долгогодишна кариера има испеано неколку дуети со: Ванчо Тарабунов (Верувај ми) и Ефто Пупиновски (Скопските боеми).

Во 2023 година на Фестивалот „Тумба Фест” во Куманово ја добива наградата за животно дело.