Трагедија ја потресе Гевгелија: Загина момче од удар на гром, го пасел добитокот во село Негорци

МИА вечерва јави дека малолетник од гевгелиското село Негорци попладнево загина од удар на гром откако овој регион бил зафатен од силно невреме.

Веста за МИА ја потврдила портпаролката на СВР Струмица, Александра Трајанова.

Според неа, денеска во 15:30 часот во Одделението за внатрешни работи Гевгелија било пријавено дека во атар на село Негорци, гевгелиско, лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт со изгореници по телото кај малолетник наверојатно од удар од гром, кој во тој момент напасувал добиток.

Advertisements

Бил извршен увид, а по наредба на јавен обвинител телото на починатото момче било дадено на обдукција.