(ВИДЕО) На 8 ми мај ќе прогласиме голема победа, а на Денот на Европа, ќе ја формираме новата проевропска влада – Ковачевски од Струмица

Нашата борба за Европа е борба за подобар животен стандард, за повисоки плати и пензии, силна економија, развиено земјоделство, и ќе успееме, ќе победиме, рече вечерва претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски во Струмица.

-Да, точно е дека патот до Европа е долг и тежок, но тој е единствениот што може да донесе прогрес, суштински позитивни промени и сигурна подобра иднина за сите нас. Нема откажување од овој пат, тоа е наша политичка битка, која мора да ја добиеме и ќе ја добиеме, заеднички со вас, со граѓаните, рече Ковачевски.

Со членство во ЕУ, не само што ќе имаме пристап до развојните фондови, пазарот од над 500 милиони жители ќе им го ставиме на дофат на сите земјоделци и на компаниите. Затоа е нашата борба за европска Македонија, додаде тој.

Advertisements

-На 8 ми мај ќе прогласиме голема победа а на 9-ти мај, Денот на Европа, ќе ја формираме новата проевропска Влада којашто ќе обезбеди членство во ЕУ до 2030 година, рече претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски.