(ВИДЕО) Ковачевски: 650 евра плата не е доволно, во новиот мандат обезбедуваме 1.000 евра просечна плата

Денеска просечната плата изнесува 650 евра или речиси 300 евра повеќе од 2017 година, некој ќе рече не се доволни и јас се согласувам, знам дека не е доволно и затоа во новиот мандат обезбедуваме 1.000 евра просечна плата и 600 евра минимална плата, порача претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски од Охрид.

-Некој ќе рече ниту 650 евра не се доволно. И јас се согласувам со тоа. Да, така е! И јас сум дел од нашите граѓани, и јас знам луѓето со какви предизвици се соочуваат во секојдневието. Знам дека не е доволно. Затоа, во нашата предизборна програма се обврзуваме да ги зголемиме платите и пензиите, 1.000 евра просечна и 600 евра минимална плата. Ова се сериозни и издржани проекции на нашиот економски тим и тоа ќе се случи. Исто како што се случи и ветувањето дека до 2024 година просечната плата ќе биде најмалку 500 евра, а достигна 650 евра. Исто како што просечната пензија ја зголемивме за 6.400 денари, а минималната пензија за 50%. Така пензиите ќе продолжат да растат со СДСМ, рече Ковачевски.

Ние не ги оставивме граѓаните и компаниите сами да се справуваат со кризата и не спрведувавме активна блокада туку го заштитивме стандардот на луѓето, додаде тој.

Advertisements

-За три години преку антикризни мерки обезбедивме помош од 2,6 милијарди евра за граѓаните и компаниите. СДСМ покажа дека со правилни политики се исполнуваат стратешките цели, и дека нема недостижна цел! Горди сме на сето тоа исто како што сме горди што го заштитивме македонскиот јазик и идентитет во Европа. Интеграцијата во ЕУ е единствениот пат на македонската идинина. Колевката на македонската писменост, јазик, македонскиот идентитет Охрид го знае во суштина значењето на државничките политики на СДСМ, потенцираше претседателот Ковачевски вечерва во Охрид.