Маричиќ, Османи и Груби да не ги злоупотребуваат службените возила како до сега, секоја злоупотреба ќе биде истражена по 8 мај, реагира ВМРО-ДПМНЕ.
„Функционерите од СДС и ДУИ кои изминатиов период ги злоупотребуваа службените возила за партиски потреби и поминуваа неказнето, да знаат дека ако продолжат истото да го прават и во периодот до избори за тоа ќе има одговорност. Злоупотреба на службени возила не смее да има ниту од функционерите на власта во подолните ешалони. Службените возила не се сопственост на функционерите, туку на државата, платени со парите на народот преку даноци. Доколку било кој функционер злоупотреби службено возило тоа ќе биде предмет на истрага и санкција по 8 мај. Време е да се одвои државата од партијата, со право народот вели дека немаме држава, време е да ја вратиме“, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.