ВМРО-ДПМНЕ ветува дека ќе ги зголеми линеарно пензиите за 5.000 денари

Од лагите на СДС пензионерите видоа само полош живот и сиромаштија, владата на ВМРО-ДПМНЕ ќе ги зголеми линеарно пензиите за 5.000 денари, што е реална помош,  се вели во реакција на ВМРО-ДПМНЕ на прес конференцијата на Снежана Калевска Ванчева од СДСМ.

„Пензионерите најмногу ги чувствуваат штетните последици од лошото владеење на СДС и ДУИ, економската катастрофа и високата инфлација поради која едвај го поминуваат месецот. Реалноста е дека со оваа власт на повеќето пензионери парите од пензиите не им се доволни ни за храна и сметки кои значително поскапеа, а камо ли за лекови кои им се неопходни.  Впрочем да им беше убаво на пензионерите немаше да протестираат и да бараат денар повеќе за да преживеат“, вели ВМРО-ДПМНЕ.

Според ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ лажат и манипулираат, како што велат, мислејќи дека постои некој кој ќе им поверува.

Advertisements

„Пензионерите не може достоинствено да ги живеат своите пензионерски денови и се борат за гол живот и она што им следува. Од тие лаги на СДС пензионерите видоа само полош живот и сиромаштија. За среќа, на тоа му доаѓа крај и за брзо доаѓа нова влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ која ќе го врати достоинството на пензионерите, нуди реална помош и пензиите ќе се зголемат линеарно за 5.000 денари во рок од една година.

Ниедна лага нема да ги спаси СДС од огромниот пораз кој ќе им се случи на 8 мај.  Со право народот вели дека немаме држава, време е да ја вратиме“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.