Новата влада на СДСМ ќе обезбеди бесплатен топол оброк за учениците и превоз

СДСМ има јасен, конкретен и издржан план за иднината преточен во новата изборна програма. Еден од клучните столбови од планот на СДСМ за европска иднина на Македонија е европско образование, ао конкретни мерки и проекти за учениците, се вели во партиското соопштение.

СДСМ гарантира безбедност и сигурност за учениците. Еден од проектите е бесплатен топол оброк за учениците во основните и средните училишта. Предвиден е и бесплатен јавен превоз за сите ученици и студенти. Децата се нашата иднина!

Младите сакаат да живеат во европска Македонија, со европски стандард, европски вредности и начин на живот.

Advertisements

Со СДСМ нема откажување од европскиот пат, нема откажување од иднината“, порачуваат од СДСМ.