(ВИДЕО) Паднаа Истанбул и Анкара – тежок пораз на Ердоган на локалните избори

По две децении доминација на политичката сцена, владејачката партија на правдата и развојот на претседателот Ердоган, претрпе тежок пораз на изборите.

Опозициската републиканска народна партија успеа да ја задржи контролата врз клучните градови, остварувајќи значителен број гласови и во други места. Со преброени над 90 насто од гласовите, актуелниот градоначалник Имамоглу води со огромна разлика во Истанбул, најголемиот економски центар во Турција.

И покрај силната кампања на Едроган во Истанбул, сепак Екрем Имамоглу ја однесе победата.

Advertisements

Тој освои повеќе од 50 отсто од гласовите, поразувајќи го Мурат Курум, од партијата за правдата и развојот на Ердоган, кој обезбедил 40.7 отсто гласови. Опозициската партија оствари победа и во главниот град Анкара, а градоначалникот Мансур Јаваш доби 59 отсто од гласовите.

„Денес ја отворивте вратата за нова иднина. Отсега Турција ќе биде поинаква земја. Дадовте можност да го направите првиот чекор кон Турција каде што напредуваат демократијата, слободата, еднаквоста, рационалноста, науката, љубовта и солидарноста“, изјави Екрем Имамоглу, градоначалникот на Истанбул.

И Манус Јавас, градоначалникот на главниот град Анкара, ја задржа својата функција.

На национално ниво опозицијата освои 37 насто од гласовите, наспроти 36-те проценти за владејачката партија, што означува најголема победа на опозицијата, откако Ердоган дојде на власт.

Ердоган, кој во предизборието жестоко се бореше да ја преземе контролата врз урбаните области, не ја криеше разочараноста, но поразот го призна.