Си-Ен-Ен: Израел го нападна Иран

Израел утринава изврши напад на иранска територија, изјави за Си-Ен-Ен неименуван американски функционер, меѓутоа, ирански официјален претставник негираше дека ракетниот напад се случил.

Претставник на иранскиот државен центар за киберпростор негираше ракетен напад врз неговата земја.

Advertisements

Рано утринава се слушнале експлозии околу градот Исфахан, на северот на Иран, како што пренесуваат медиумите, уништени се три беспилотни летала по активирањето на системот за противвоздушна одбрана.

Двајца американски официјални лица потврдија дека израелски проектил го погодил Иран.
Иранските медиуми тврдат дека нуклеарните капацитети се безбедни, а израелската армија и Пентагон се уште немаат коментар