„На прагот сме да ја поздравиме историската победа со мнозинство пратеници во македонскиот парламент на коалицијата „Твоја Македонија“ предводена од ВМРО-ДПМНЕ, затоа ве молам излезете и гласајте, гласајте за вашето семејство, за вашата Македонија. Ве молам на овие избори гласајте во името на вашето семејство каква иднина сакате да има, на овие избори нема трета, четврта опција. Има две опции едната е опцијата на актуелната влада во која вистински стопан е Али Ахмети, Артан Груби, Бујар Османи, Талат Џафери и измеќарите во таа влада за жал малкумина измеќари во таа влада кои се уште се раководство на СДСМ како Ковачевски, Маричиќ, Зечевиќ и останатите. Втората опција е коалицијата „Твоја Македонија“ предводена од ВМРО-ДПМНЕ заедно со народот“, истакна претседателот и носител на ИЕ 1 на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски на вечерашниот митинг на ВМРО-ДПМНЕ во Гевгелија.
Претседателот Мицкоски истакна дека треба масовно како никогаш досега да се гласа за Александар Николоски за бројот 2, за коалицијата „Твоја Македонија“.
Претседателот Мицкоски продолжи и упати порака и до младите и додаде:
„Сакам една порака до младите, знам дека чувствувате неправда од системот кој ве гуши, од ова политичко мочуриште кое е ваше секојдневие. Свесен сум дека вашата амбиција е многу поголема отколку да ги слушате и гледате оние медиокритети и потпросечни луѓе во владата. Свесен сум дека има голема неправда и можеби немате доволно внимание, но допрва доаѓа вашето време, морате заедно со нас да се борите, да се избориме за нашата татковина Македонија, да ги напуштиме стереотипите, политиката е алатка за да обезбедиме подобра иднина, не бегајте од политиката, ако бегате и ја игнорирате политиката тогаш вие им помагате на лошите во политиката, на неспособните, на криминалците во политиката, вклучете се активно застанете со нас не верувајте на лажниве луѓе затоа што тие освен да манипулираат и лажат за сопствен интерес немаат никаков друг интерес. Овде е ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „Твоја Македонија“ придружете ни се да ја изградиме иднината онаква каква што сакаме да биде“, посочи Мицкоски.
Претседателот Мицкоски упати порака и до оние кои ќе одлучат да останат дома и додаде:
„Мојата порака и до оние кои на 8 мај ќе одлучат да останат дома, да не гласаат мислејќи дека на тој начин ги казнуваат политичарите бидејќи според нив сите се исти, а во суштина не знаат дека гласаат, гласаат за лошите политичари, гласаат за Али Ахмети да има пратеник во четвртата изборна единица”, дециден е Мицкоски.
Претседателот Мицкоски упати порака и до гевгеличани и додаде:
„Сосема на крај до вас гевгеличани браќа и сестри сакам да ве замолам од мое име, од името на ВМРО-ДПМНЕ, нашето семејство коалиција „Твоја Македонија“ да бидеме сите едно семејство бидејќи семејството се штити, сака и за семејството се работи а нашето пошироко семејство е нашата татковина Македонија да ја одбраниме на 8 мај, а после од 9 мај да ги засукаме ракавите и да ја градиме Македонија онаква каква што сакаше мојата, вашата генерација да ја види“, потенцираше Мицкоски.