Нема нарушувања на изборниот процес, министерот Тошковски очекува мирен изборен ден

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски вели дека безбедносната состојба е стабилна и досега нема никакви нарушувања на изборниот процес. МВР ги распореди сите полициски службеници ширум државата кои треба да се грижат за спроведување на фер и демократски проце

– Немаме забележано никакви посериозни нарушувања на изборниот процес. Денот е убав, се надевам дека граѓаните ќе можат да го остварат своето гласачко право, на едни демократски избори. Покриени се сите сектори за внатрешни работи со технички услови. Се постапува според утврдените насоки од изборниот штаб, мислам дека изборниот ден ќе помине во најдобар ред – вели Тошковски.

Министерот рече дека очекува мирен изборен ден.

Advertisements