Излезноста до 11 часот на претседателските избори е 12.78%, односно 229.469 гласачи, покажуваат податоците на Државната изборна комисија (ДИК). Излезноста е пресметана врз основа на 97.43% од обработените избирачки места.
Најголема излезност според податоците има во Крива Паланка каде досега гласале 24.5% од избирачите, односно 4.016 луѓе. Во апсолутни бројки, најмногу луѓе гласале во Битола 12.450.
Инаку, изборниот процес тече во најдобар ред и досега не се регистрирани посериозни нарушувања, соопшти дополнителниот заменик-министер за внатрешни работи Митко Бојмацалиев.
„Од страна на Оперативниот штаб, кој го раководи директорот на БЈБ, и сите надлежни организациски единици се преземени сите потребни мерки и активности врз основа на претходно изготвен план, обезбедени се потребните технички услови, а МВР ги распореди сите полициски службеници ширум државата кои треба да се грижат за спроведување на фер и демократски процес. го остварат своето гласачко право, на едни демократски избори”, рече Бојмацалиев.
Право на глас на овие избори имаат 1.814.317 избирачи кои ќе избираат на кого ќе му доверат пет годишен мандат на функцијата. Претседателските избори ги следат 342 домашни и 568 странски набљудувачи. Дополнително, изборите ги следат 32 странски новинари.
Изборни нерегуларности можат да се пријават до Државната изборна комисија на телефонскиот број 0800 555 44.