Се скрши најголемиот самостоечки аквариум во светот во берлинскиот хотел „Радисон“, а огромно количество вода заврши во лобито на хотелот и на улица.
Портпаролот на берлинската полиција Мартин Стралау изјави дека најмалку едно лице е полесно повредено, а според првите резултати од истрагата се работи за несреќен случај.
Во AquaDoma е висок 16 метри и во него беа сместени повеќе од 1.500 риби од 50 видови, а се наоѓаше во фоајето на луксузниот хотел „Радисон“.
Oh mein Gott. Das riesige Aquarium im Berliner Dom Aquaree ist zerstört. ????
Video: per WhatsApp bekommen, Urheber: @niklas_scheele#Berlin #aquarium #DomAquaree pic.twitter.com/Epvm3SqXdS
— Herr Dings aus Ort (@herr_ort) December 16, 2022