Тешка несреќа се случила попладнево на Партизанска. Се судриле мотоциклист и автомобил.
Мотоциклот е со големи оштетувања и автомобил со целосно уништен преден дел на булеварот Партизански одреди во Карпош 4 додека полицијата врши увид по тешката сообраќајна несреќа во Скопје која се случи попладнево, јави Телма.
Повреден е мотоциклистот кој се судрил со автомобилот, а во болница е однесен и возачот на автомобилот Тојота.
Булеварската лента во правец од Сити Мол кон Ѓорче Петров беше затворена по несреќата во која има и повредени.
View this post on Instagram