УБИЕН СРПСКИ СПОРТИСТ ВО ЦЕНТАРОТ НА ДИЗЕЛДОРФ

Српскиот ММА борец Александар Стефановиќ (38) е убиен во Германија, пред кафеана во Дизелдорф. Германската полиција го уапсила Р.Л. (52), кој е осомничен дека го извршил ова дело.

Како што пренесуваат медиумите во Германија, убиството се случило вечерта меѓу неделата и понеделникот во центарот на Дизелдорф по кратка дискусија меѓу овие двајца мажи.

Брзата помош веднаш пристигнала на местото на злосторството, но несреќниот спортист од Србија не можел да се спаси.

Advertisements

Според германските медиуми убиецот веднаш се вратил во ресторанот каде што бил уапсен.