ТРАГЕДИЈА во Македонија Пронајдена мртва девојка, имала само 26 години

Тело на почината 26-годишна девојка од Кавадараци е пронајдено во куќа во близина на градската црква „Свети Никола“ во Штип. Неофицијално, била почината веќе неколку дена, јави порталот ММС.

Како што пренесува порталот возила на полицијата и Итната медицинска помош до пред малку можеа да се забележат пред куќата, додека насобрани луѓе се прашуваа што се случило.

Според првичните информации, девојката во куќата живеела по кирија. Од СВР Штип повеќе информации најавија за утре, додека увидна екипа на на местото каде е пронајдена починатата девојка.

Advertisements