КФОР: Способни сме да обезбедиме безбедност и слободно движење на сите заедници

КФОР соопшти дека е целосно способен да обезбеди безбедност и слобода на движење на сите заедници на целата територија на Косово, во согласност со резолуцијата 1244 на Советот за безбедност на ОН.

„Од октомври го зголемуваме нашето присуство, вклучително и дополнителни војници и патроли на северот на Косово оваа недела“, се вели во соопштението.

Како што се додава, КФОР внимателно ја следи ситуацијата на северот и очекува сите страни да се координираат со нив и да се воздржат од провокативни демонстрации на сила.

Advertisements

„Ги повикуваме сите страни да се ангажираат конструктивно со цел да се обезбеди безбедност и слобода на движење на Косово“, се вели во соопштението.

Од КФОР наведуваат дека ќе продолжат да го исполнуваат мандатот според резолуцијата 1244 и нагласуваат дека решенијата треба да се бараат преку дијалог.