Уапсен маж кој следел малолетни девојчиња и им дофрлал безобразни зборови

На 30.04.2024 во 17.40 часот полициски службеници од Полициско одделение Теарце го лишиле од слобода Б.И. (42) од тетовско Доброште, по пријава на С.З.(45) од истото село според која неговите две малолетни ќерки се пожалиле дека Б.И. ги следи и им дофрла недолични зборови.

Тој е задржан во полициска станица каде, во врска со случајот, Б.И. пријавил дека бил физички нападнат од С.З..

Се работи на расчистување на случајот

Advertisements