Денес, на 1 Мај, Левица како единствена Партија на трудот, даде поддршка на денешните протести организирани од синдикатите во Република Македонија, се вели во партиската објава на социјалните мрежи.
„Организираниот труд е искрата во модерното време во кое владее профитот како главен двигател на политичките текови кои создаваат богатство за малкумина потиснувајќи го мнозинството. Оваа држава ја одбраниле и изградиле работниците, а ја ограбиле великопоседниците. Работници, вие сте столбот на општеството и без вас не може ништо! Пробудете се и зграпчете ја политичката моќ назад во свои раце!“, порачува Левица.


