Пендаровски: „Гоце Делчев е стожер врз кој денес ја градиме нашата државност и самобитност“

Претседателот Стево Пендаровски и кандидат за втор мандат во чест на македонскиот револуционер Гоце Делчев, а по повод 121-годишнината од неговата смрт, денеска положи свежо цвеќе на неговиот гроб во црквата „Свети Спас“ во Скопје.

„Визионер, идеолог и предводник на македонското националноослободително дело од крајот на 19-от и почетокот на 20-от век, Делчев за македонскиот народ претставува стожер врз кој денес ја градиме нашата државност и самобитност. Слава му!“, порача Пендаровски на социјалните мрежи.