Претседателот на партијата ЗНАМ и кандидат во првиот круг од претседателскиот избори, Максим Димитриевски денеска најави дека во вториот круг на изборите ќе даде поддршка за канидатката на ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Силјановска Давкова.
„Ќе гласам во вториот круг на претседателските избори, нема да ги чкртнам ливчето, а мојата поддршка сигурно нема да ја добие Пендаровски“ рече денеска Димитриевски, со што меѓу редови најави дека ќе ја поддржи Давкова.
Не помина долго време и Силјановска преку објава на социјалните мрежи упати благодарност до Димиттриевски за поддршката во вториот круг.