На инаугирацијата на Гордана Силјановска Давкова за претседателка на Македонија покрај пратениците од стариот собраниски состав по протокол беа и верските лидери на МПЦ-ОА и ИВЗ председателката на Уставниот суд Добрила Кацарска, домашни и странски дипломати, поранешниот председател Ѓорѓе Иванов и Вилма Трајковска, сопруга на загинатиот председател Борис Трајковски.
Спикерот Јован Митрески рече дека бил поканет и поранешниот претседател Бранко Црвенковски, но тој не беше присутен во собраниската сала како и досегашниот претседател Стево Пендаровски.
На свеченоста во Собранието беше присутна амбасадорката на САД во земјава Анџела Агелер за која во инаугуративниот говор председателката Силјановска Давкова рече дека својот роденден вчера го прославила во друштво на амбассадорката Агелер.
Силјановска Давкова е родена на 11 мај 1953 година и вчера го прослави 71 роденден.