Српскиот претседател Александар Вучиќ вечерва во интервју за ТВ Прва изјави дека најмногу го погодило тоа што Македонија гласаше за Резолуцијата за геноцид во Сребреница.
Вучиќ вели дека тоа што Црна Гора гласала „за“ не го погодило бидејќи тоа го очекувал, но оти е разочаран од гласот на Македонија.
„Повеќе ме погоди гласањето на Северна Македонија, отколку на Црна Гора. Без разлика на приказната дека тоа е претходната влада, а од претходната влада ќе кажат не сме ние туку Албанците и ќе има безброј оправдувања. Најмногу вложив во односите со нашите македонски браќа и тие за нас секогаш ќе бидат браќа, но односот не е фер. Се покажа дека Грција има поголем ‘рбет од Македонија. Тоа ме погоди, а Црна Гора не бидејќи тоа го очекував- вели Вучиќ.