Грција од буџетот ќе покрива 10 отсто од трошоците за храна

Грчкиот премиер Киријакос Мицотакис во саботата најави субвенција од 10 отсто за купување храна на секое домаќинство за да помогне во спротивставувањето на социјалните притисоци од инфлацијата.

„Од следниот февруари, државата ќе покрива 10 проценти од купувањата на секое домаќинство за шест месеци во супермаркетите и прехранбените бизниси (пекари, слаткарници, продавници за риби)“, рече премиерот на Грција пред гласањето во парламентот на државниот буџет за 2023 година.

Мицотакис посечи дека мерката ќе го чини државниот буџет 650 милиони евра (690 милиони долари).

Advertisements

Максималната сума која може да ја добие поединец е ограничена на 220 евра. За поголемите семејства со повеќе корисници, вкупната сума ќе биде ограничена на 1.000 евра.

Мерката е за домаќинства со приход од 24.000 евра по пар, со дополнителни 5.000 евра за секое дете.