Велешанецот Боре Видевски негира вина дека бил инволвиран во грабнувањето и убиството на 14 годишната Вања Ѓорчевска и 74 годишниот Панче Жежовски, јави Телма .
Видевски го сменил исказот, иако првично кога беше приведен заедно со другите осомничени Влатко Кешишов и Велибор Манев пред органите за прогон го тврдеше спротивното.
Ова за Телма го потврдил неговиот адвокат Бојан Манев по денешната јавна седница во Врховниот каде се жалеа за притворот на Видевски.
Првосомничениот Љупчо Палевски е екстрадиран од Турција и е во притвор.
И тој додека го носеа во Кривичен суд рече дека не е виновен и дека за тоа има докази. Палевски лани избега во Турција и полицијата го уапси во градот Баликесир.