(ВИДЕО) Непозната материја во водите на езерото „Младост“ – Левица ги алармира надлежните

Дали Велешкото езеро е пред еколошка катастрофа и дали му се заканува негово уништување?, прашуваат советниците на Левица – Велес кои го посетија езерото Младост.

Левица вели дека велешкото езеро повеќе од две недели е прекриено со непозната материја чиј состав сè уште не е утврден.

„Бараме од надлежните институции, Центар за јавно здравје, Републички инспекторат за животна средина, Општина Велес, Институт за јавно здравје, да ја информираат јавноста која е причината за ваквата состојба на езерото Младост; да потврдат дали водата на езерото е безбедна за негово користење, како и да преземат мерки со кои би се подобриле квалитетот и изгледот на водата во езерото“, велат од Левица.