Демократскиот сојуз укажува дека СДСМ и ДУИ, без поширока политичка и граѓанска поддршка и согласност ја прифатија Преговарачката рамка во која беа вградени сите барања на Бугарија, спротивно на Копенхашките критериуми, со што Македонија ја заглавија на евроинтеграцискиот пат.
„Во Парламентот имаше можност да се испеглаат одредени решенија, посебно околу годишните протоколи (прегледи), македонскиот јазик и други идентитетски обележја, но СДСМ и ДУИ сакаа да имаат монопол на процесот и ја прифатија рамката со надгласување.
СДСМ и ДУИ наместо да покажат поголема одговорност и државничко однесување, тие ликуваат на оваа контраверзна одлука, која значи дополнителен, несоодветен и без издржани аргументи притисок врз Македонија.
Процесот ќе се деблокира, но треба да покажеме единство и сплотеност, како и да ги актуелизираме следните барања до ЕУ:
Советот на ЕУ да донесе заклучоци со кои јасно ќе каже дека македонскиот јазик ќе биде службен по приемот на Македонија во ЕУ, идентитетските прашања содржани во Преговарачката рамка не можат да бидат основа за блокада и да ја задолжат Бугарија, да ги спроведе одлуките на Меѓународниот суд од Стразбур, поврзани со правата на Македонците во Бугарија.
Инаку, Македонија треба да спроведе темелни реформи во многу области, пред се во судскиот систем и борбата против криминалот. Независно од одлуката на Советот на ЕУ, Македонија може реформите да ги прави согласно КЛАСТЕРИТЕ од Преговарачката рамка, како и резултатите од скрининг процесот, вклучувајќи ги сите креативни кадри“, велат од партијата.