Сашо Мијалков останува на црната листа на САД

Санкциите против Мијалков нема да бидат укинати, без разлика на најновата одлука на Апелацискиот суд, велат од Амбасадата на САД за ТВ24

– Без оглед на неодамнешните одлуки на судот за случаите „Трезор“ и „Таргет Тврдина“, санкциите на САД против Сашо Мијалков остануваат на сила – велат од американска амбасада за ТВ 24.

Одлуката за укинување на пресудата во судскиот предмет „Таргет Тврдина“ од страна на Апелацискиот суд беше тема и на седница на Судскиот совет на која е договорено работна група да го посети Апелацискиот суд во Скопје и да истражи дали имало процесна повреда во одлучувањето за повеќе предмети од јавен интерес, а секако меѓу првите е предметот„ Таргет Тврдина“.

Advertisements

Претседателката на судскиот совет Весна Дамева одлучи во проверките да бидат вклучени уште три предмети и тоа „Трезор“, „Транспортер“ и „Алфа“.