– Мислиме дека ова е обична козметика. Ова е сигнал до корумпираните политичари од ДУИ за да не ескалираат. Меѓутоа, ништо суштински нема да се промени. Скандалозно е тоа што наместо МВР да ги има тие информации, дека Артан ГРУБИ местел случаи со Сашо МИЈАЛКОВ, тоа го дознаваме од странски амбасади. Тоа значи дека ние сме обична територија, без владеење од страна на власта. Тоа само по себе за нас е поразително како народ! Сметаме дека борбата против корупцијата треба да ја водат домашните, а не странските агентури – потенцираше претседателот Апасиев.
По однос на заканите од ДУИ за дестабилизација во Македонија доколку Уставниот суд ја укине неуставно наметнатата двојазичност, Апасиев, исто така го истакна ставот на Левица.
– Што и да одлучат уставните судии мислам дека ќе помине без проблем, исто како што беше и со Балансерот. Впрочем, ако се сеќавате, вчера Али Ахмети се закани со војна! И, тука има простор, ако го читате убаво Законот за политички партии, за интервенција на надлежниот Јавен Обвинител. Бидејќи ние, како политички партии, стрикно ни е забрането да повикуваме на воена агресија. Оттука, мислиме дека во случај на евентуални нереди, после одлуката на Уставниот суд, каква и да биде, органите на прогонот, односно МВР, треба да си ја заврши својата работа и да не ги обеспокојува граѓаните, затоа што има капацитет – одговори претседателот Апасиев.