„Рамбл“ отвори претставништво во Македонија: Нов чекор кон дигитален напредок

Македонија станува дел од глобалната дигитална мрежа на компанијата „Рамбл“, откако нејзиниот основач, успешниот канадско-американски бизнисмен со македонско потекло, Крис Павловски, официјално отвори подружница во Скопје – „Рамбл Клауд“.

Ова претставува значаен чекор во дигиталниот развој на земјата, создавајќи нови можности за технолошки напредок, инвестиции и соработка во областа на модерните комуникации и инфраструктура. Веќе е најавена партнерска соработка меѓу „Рамбл“ и македонската влада, при што премиерот Христијан Мицкоски истакна дека ова е дел од поширока визија за дигитална трансформација и развој на современи национални центри за податоци.

Крис Павловски со претседателот на САД Доналд Трамп

Павловски, кој е познат по своите глобални деловни успеси и блиските релации со водечки светски претприемачи, инвеститори и политички лидери, веќе долго време е присутен во македонската ИТ сцена преку својата компанија „Космик Девелопмент“, која од 2013 година успешно работи во Битола и Скопје.

Advertisements

Со отворањето на „Рамбл Клауд“, Македонија добива уште еден силен партнер во дигиталната ера, што ќе придонесе кон економски развој, нови работни места и унапредување на технолошкиот екосистем во земјата.