Филмот што го расплака Балканот ќе го гледаме како серија -Бјелогрлиќ снима кадри во Сараево

Во Сараево е во тек снимањето на серијата „Тома“ за животот и делата на познатиот фолк пејач Тома Здравковиќ, а главната улога, како и во филмот, ќе ја толкува Милан Мариќ, додека Силвана Арменулиќ ќе ја толкува Тамара Драгичевиќ. Инаку, серијата ќе има 10 епизоди.

По филмот кој никого не остави рамнодушен и ја расплака публиката, познатиот режисер и актер  Драган Бјелогрлиќ на својот Инстаграм профил објави неколку фотографии од снимањет на серијата и порача: „Тома серија… уште малку“.

Актерот Петар Бенчина, кој одигра забележителна улога во филмот „Тома“ – докторот Алекса Хаџиповиќ, со своите следбеници ги сподели првите кадри од серијата.

Advertisements

Сценариото за овој проект го потпишуваат Драган Бјелогрлиќ и Никола Пејаковиќ. Бјелогрлиќ ќе ја толкува и улогата на продуцент, заедно со Жељко Јоксимовиќ.

Покрај Милан Мариќ и Тамара Драгичевиќ, во проектот ќе учествуваат: Петар Бенчина, Мирјана Карановиќ, Андрија Кузмановиќ, Слободан Бода Нинковиќ, Срѓан Жика Тодоровиќ, Марко Јанкетиќ, Иван Зекиќ, како и многу други.