Утрово е најдено безживотно тело на 16 годишно лице во реката Пена, кај месноста Бањиче, тетовско. По пријавувањето во полиција, почнат е увид од претставници на СВР Тетово и Обвинителството.
„Дежурен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Тетово изврши увид во местото викано Бањиче, каде во реката беше пронајдено безживотното тело на починатото 16-годишно лице. Станува збор за лице кое неколку дена било пријавено за исчезнато. Јавниот обвинител издаде наредба за прибирање на сите траги и докази со цел да се утврдат причините за смртта“, информираат Јавното обвинителство.
Обвинителот издал наредба и за обдукција на телото на починатиот.
Advertisements
ПОВРЗАНИ СОДРЖИНИ
Македонскиот јазик и говорот на омраза - науката е најсилното оружје против политичката аг...
Детската клиника казнета со 5.200 евра - специјализанти прегледувале пациенти, наместо деж...
„ДПМНЕ и ЗНАМ станаа измеќари на ВРЕДИ“ - Левица бара расправа за Законот за бранителите в...
„Tреба да трчаме трка со 110 метри со пречки, а ЕУ да си го исполни зборот“ - Мицкоски за ...
Голем успех и признание за Македонија - Шекеринска стана заменик генерален секретар на НАТ...