Американскиот претседател Доналд Трамп за Аксиос изјавил дека војната ќе заврши „наскоро“ и оти „практично нема преостанато ништо за гаѓање“.
– Во секој момент кога ќе посакам да заврши, таа ќе заврши – ја пренесува Би-Би-Си изјавата на Трамп.
Конфликтот почна на 28 февруари во соработка со Израел, чиј министер за одбрана, Израел Кац, денеска изјави дека војната „ќе продолжи без никаков временски рок“.
Кац рече дека конфликтот ќе продолжи толку долго колку што е потребно и додека не се постигнат сите цели на заедничката израелско-американска кампања, пренесува Тајмс оф Израел.
Светските медиуми јавуваат дека Меѓународната агенција за енергија (ИЕА) објави ослободување на 400 милиони барели нафта од своите резерви, што е најголемо во историјата на организацијата.
Ова го објави шефот на ИЕА, Фатих Бирол, во изјава емитувана онлајн на веб-страницата на организацијата.
Конфликтот на Блискиот Исток има силно влијание врз глобалните енергетски пазари, а Азија е најтешко погодена, рече Бирол.
Одлуката за ослободување на количини од стратешките резерви беше донесена едногласно од 32-те членки на ИЕА, нагласи тој.
Ослободувањето ќе се случи во временска рамка што е најсоодветна за условите во кои се наоѓа секоја земја, а повеќе детали ќе бидат објавени подоцна, истакна Бирол.
Конфликтот на Блискиот Исток ефикасно го запре превозот низ Ормускиот Теснец – клучен морски пат низ кој минува околу 20 проценти од светската нафта, а цените на глобалните енергетски пазари нагло пораснаа, пренесува БТА.


