Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека новиот ирански врховен лидер Мојтаба Хамнеи веројатно е жив, но ранет по американско-израелските напади во кои беше убиен неговиот татко.
Американскиот претседател Доналд Трамп се осврна на шпекулациите за состојбата на новиот ирански врховен лидер Мојтаба Хамнеи, наведувајќи дека многумина се обидуваат да утврдат дали тој е жив.
„Ме прашавте дали е жив или не. Многу луѓе се обидуваат да го дознаат тоа“, рече Трамп, додавајќи ја својата проценка за неговата состојба.
„Мислам дека веројатно е жив. Мислам дека е оштетен, но веројатно е жив на некој начин“, изјави американскиот претседател.
Трамп истовремено даде и коментар за односот меѓу Мојтаба Хамнеи и неговиот татко, тврдејќи: „Ова е човек кого ни татко му не го сакал“.
Хамнеи можеби е ранет во нападите
Претходно денеска Трамп изјави дека верува дека новиот ирански врховен лидер е жив, но ранет, по извештаите дека бил повреден во американско-израелските напади на крајот од февруари.
Во тие напади беше убиен неговиот татко, ајатолахот Али Хамнеи, пренесува Ал Џазира.
„Мислам дека веројатно е жив. Верувам дека е оштетен, но дека во некоја форма е жив“, повтори Трамп.


