ЕВН најави исклучувања – проверете дали ќе останете без струја

Од ЕВН Македонија известуваат дека поради планирани технички зафати во електросистемот, утре дел од корисниците во општина Центар ќе се соочат со прекин во снабдувањето со електрична енергија од 08:30 до 15:30.

Според најавата, зафатот ќе опфати клучни институции и станбени објекти во централното градско подрачје.

Список на корисници кои ќе бидат без струја:

Advertisements

Дел од корисниците на бул. „Митрополит Теодосиј Гологанов“ (бр. 49-53);
Поликлиниката „Идадија“;
„Веро“ маркет и „Макпетрол“;
Катната гаража и АМСМ;
Клубот на пратеници;
Останати локали и згради во непосредна близина на оваа област.

Прекинот е дел од редовните активности за подобрување на мрежата, а нормализирање на состојбата се очекува веднаш по завршување на интервенцијата.