Трамп: Путин му помага на Иран, а ние ѝ помагаме на Украина – таква е реалноста

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека е можно рускиот претседател Владимир Путин делумно да му помага на Иран, поврзувајќи ја таквата можност со американската воена и политичка поддршка за Украина.

Во интервју за Фокс њуз, Трамп беше прашан за наводите дека Москва му доставува информации на Иран за локации на американските војници на Блискиот Исток.

„Мислам дека малку им помагаат, да, претпоставувам“, изјави Трамп.

Advertisements

Тој посочи дека ваквиот потег би можел да биде реакција на американската поддршка за Украина во конфликтот со Русија.

„А, веројатно мисли на тоа што ние ѝ помагаме на Украина, зарем не?“, рече американскиот претседател.

По забелешката на водителот дека САД навистина ѝ даваат помош на Украина, Трамп додаде дека таквата логика често се гледа во меѓународната политика.

„Да, и ние им помагаме и тој го гледа тоа. Знаете, Кина би кажала иста работа. Нешто како ‘тие го прават тоа, па и ние го правиме тоа, да бидеме чесни’“, изјави Трамп.