Тешка сообраќајна несреќа вечерва го потресе Скопје – едно лице загина

Тешка сообраќајна несреќа со смртни последици се случи попладнево во скопската населба Чаир, каде што животот го загуби лице кое возело мотоцикл, јавуваат медиумите на албански јазик.

Според првичните информации од терен, несреќата се случила под сè уште неразјаснети околности.

Ударот бил толку силен што мотоциклистот починал на местото на настанот.

Екипите на итна помош кои веднаш пристигнале ја констатирале неговата смрт.