ВЛЕН и ДУИ се обединија во општина Бутел

Вечерва, на заеднички состанок официјално се обединија ВЛЕН и ДУИ во општина Бутел. Начелно, тие тврдат дека се здружуваат против наводно националистичките политики на општината. Но фактите се далеку од нивните тврдења.

Дарко Костовски, по триесет години, за прв пат гради водовод во Љуботен. Во Бутел 2 се гради нова градинка, а наскоро ќе започне и изградбата на нова поликлиника за сите граѓани. Ова директно говори за рамномерен развој во општината.

Да потсетиме пред три месеци градоначалникот на Општина Бутел, Дарко Костовски, преку објава на социјалните мрежи обвини дека советниците на ДУИ и ВЛЕН во Советот на општината гласале против продолжување на повеќе капитални и социјални проекти.

Според Костовски, со нивното гласање биле блокирани или оспорени: изградба на нова детска градинка во Бутел 2, реализација на водоводна мрежа во Љуботен, инвестиции во вредност од еден милион евра во Скопје Север, санација на фасадата на ООУ „Петар Здравковски – Пенко“, изградба на нови улици во Љуботен и Визбегово, како и изградба на нов спортски центар кај населбата Ударници во Бутел 1.

Тој во статусот наведува и дека советниците гласале против мерката за доделување по 5.000 денари за секое новороденче, против финансиска помош за ранливи категории граѓани, како и против стипендии за најдобрите ученици и спортисти.

Костовски посочува дека образложението за ваквото гласање било дека немало рамномерен развој, но нагласува дека дел од проектите се наменети за средини во кои живее претежно албанско население.

Advertisements

„Нерационалните одлуки доаѓаат од слабост. Граѓаните гледаат и знаат што се случува“, наведува Костовски во објавата, додавајќи дека нема да прифати политички пазарења и дека развојот на општината ќе продолжи.

Извор: albanews.mk