Цените на нафтата на светските пазари силно осцилираат поради ескалацијата на конфликтот на Блискиот Исток. Откако претходно паднаа поради договор меѓу Ирак и Турција за продолжување на извозот, тие нагло пораснаа по извештаите за напад врз иранското гасно поле Јужен Парс, пренесува Гардијан.
Цената на нафтата се приближи до 110 долари за барел, додека поскапе и гасот, откако Иран соопшти дека американско-израелски воздушен напад погодил дел од неговата енергетска инфраструктура. Ова е прв напад врз иранското производство на фосилни горива од почетокот на конфликтот.
Иранските медиуми јавија дека биле погодени постројки на огромното поле Јужен Парс, кое Техеран го управува заедно со Катар. Дел од петрохемиските капацитети биле исклучени за да се спречи ширење на пожар.
Како одговор, Иранска револуционерна гарда се закани со напади врз енергетски објекти во Саудиска Арабија, Обединети Арапски Емирати и Катар, што дополнително ја зголеми загриженоста за снабдувањето со енергенси.
Референтната цена на нафтата Брент порасна за околу 5 проценти, додека европскиот гас поскапе за повеќе од 7,5 проценти. Неизвесноста е засилена и од проблемите во Ормускиот теснец, клучна рута за транспорт на нафта.


