ЛАЖНА Е ДОЈАВАТА ЗА БОМБА во трговскиот центар “City mall”

МВР извести дека дојавата за бомба во трговскиот центар “City mall” е лажна.

“Веднаш по добиената пријава преземени се соодветни мерки и активности од страна на полициски службеници во внатрешноста и околу објектот, при што е утврдено дека станува збор за лажна дојава за поставени бомби“, информираат од МВР.

Од МВР соопштуваат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот и идентификација на испраќачот на заканата.

Дојавата пристигнала на електронската пошта на МВР, а трговскиот беше евакуиран после 19 часот. Пред една недела исто имаше лажни дојави во два други поголеми трговски центри.