Русковска: Не може Јане Ченто да ја сака оваа држава повеќе од мене

Поранешната обвинителка Вилма Русковска реагираше на кривичната пријава што против неа ја поднесоа Јане Ченто, Борис Дамовски и Богдан Илиевски, поврзана со судскиот процес за насилствата во Собранието на 27 април 2017 година.

Taa ја отфрла тезата дека постапувала незаконски и потсетува дека обвинителите не ја носат конечната одлука, туку судовите.

„Моите родители крвареа за оваа држава. Мајка ми беше во бугарски затвор, татко ми ранет го закопавме со бугарски куршум, па не може Јане Ченто да ја сака оваа држава повеќе од мене“, изјави Русковска.

Ченто, кој е еден од осудените за настаните во Собранието, претходно најави дека ќе бидат изнесени нови детали и аргументи, со тврдења за незаконски докази, притисоци врз сведоци и монтирана постапка.

Русковска одговара дека обвинителството било само една страна во постапката, а дека пресудата поминала низ повеќе судски инстанци. Pотсетува дека одлуките биле потврдени од Апелацискиот и од Врховниот суд, што, според неа, покажува дека немало незаконско постапување во која било инстанца.

Според неа, пријавата е обид за свртување на вниманието од предизборните ветувања на ВМРО-ДПМНЕ дека ќе се реши прашањето со осудените за 27 април.

Advertisements