Сите знаеме дека намалувањето на алкохолот е еден од најважните чекори што можеме да ги преземеме за да го заштитиме здравјето на црниот дроб, но кога сакаме да посегнеме по една чаша алкохол од време на време, постои опција која може да направи помалку штета од други.
Студија од 2019 година покажува дека алкохолот е главен фактор на ризик за заболување на црниот дроб, особено за цироза.
Многу лекари и нутриционисти се согласуваат и ги охрабруваат сите кои уживаат во алкохолни пијалоци да ја намалат нивната количина што е можно повеќе.
Но, д-р Ненси Реа тврди дека постои еден алкохолен пијалок кој го оштетува црниот дроб многу помалку од другите пијалоци, а тоа е црвеното вино.
„Ако имате здрав црн дроб, не мора целосно да се откажете од алкохолот. Бројни студии покажаа дека црвеното вино содржи антиоксиданси кои може дури и да го подобрат здравјето на црниот дроб. Секако, доколку го консумирате умерено“, нагласува докторката.